Инфо

Ново поскапување на горивата

понеделник, 28 јуни 2021

Ново поскапување на горивата. Регулаторнаа комисија за енергетика одлучи да ги зголеми цените на нафтените деривати и од ноќеска на полноќ цената на бензините ќе биде повисока за 1,50 денари, а на дизелот за 1 денар.

Тоа значи дека литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 71,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 73,00 денари литар, додека литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се точи по 63,00 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 денари и новата цена ќе изнесува 62,50 денари литар.

Мазутот М-1 НС поскапува за 1,144 денари и еден килограм ќе чини 37,152 денари.

 

Содржината е прочитана 88 пати.