Култура

Вечерва омаж за Димче Коцо во Чифте Амам

среда, 23 јуни 2021

Со изложба со 150 таписерии, слики и скулптури од сите фази на неговото творештво вечерва во Чифте Амам ќе бидат одбележани 110 години од раѓањето на најпознатиот македонски сликар и критичар Димче Коцо.

Коцо е на некој начин првиот историчар на уметност во Македонија што помогнал да се створи Институтот за историја на уметност, но и да се отворат прво Народниот музеј, а потоа и другите музеи низ земјава. Потекнува од Охрид, завршил резбарска школа дома, а студирал во Белград.

Проектот на трите кураторки Славица Алексовска, Маја Неделкоска Брзанова и на Маја Чанкуловса ќе опфати и досега неизложувани негови дела. Коцо се бавел со материјата и нејзината минливост, а се инспирирал и од македонските носии и традиција. Направил 13 изложби во земјата и во странство, но ќе остане познат како општественик во редот на великаните Петар Мазев, Борка Лазески…

Изложбата ќе биде свечено отворена во 20 часот.

Изложбата, која е дел од прославата за 70 години постоење на Националната галерија во Чифте Амамот, ќе биде отворена до крајот на летото.

 

Содржината е прочитана 84 пати.