Јубилејното издание на Бизнис каталог на Р.С.Македонија 2021 е во продажба со подарок за читателите

Ексклузивното списание на македонски и на англиски јазик кое претставува единствен промотивен примерок од ваков вид во државата оди заедно со подарок од „Дерма Бела“ – ваучер за бесплатен козметички третман на лице и од „Нутри Ем“ – ваучер со попуст од 10 проценти за нутриционистички преглед и советување

Почитувани,

Најновото јубилејно издание на Бизнис каталог на Р.Северна Македонија 2021 година веќе е во продажба. Списанието, во издание на агенцијата „Марили“ оди заедно со подарок – ваучер од Дерма Бела“ за бесплатен третман на лице и од „Нутри Ем“ – ваучер со попуст од 10 проценти за нутриционистички преглед и советување

Примероци од каталогот заедно со ваучерите може да се купат на следните продажни места:

Во Скопје – Скопје: „МТ АС“ - на „Водњанска“, „САДЕ С 3“ – пред „Рамстор“, „ТОЛЛАКС 9 ЗЕБРА“ – кај „Тинекс Зебра“, „МАРТОН“ – трговски „Капиштец“, „СИРИУС“ – трговски „Беверли хилс“, „ТОЛЛАКС 16 ВОДЕНИЦА“ – спроти кафеана „Воденица“, „ФЕЛИКС ЛУКС“ – кај Млечен ресторан, ТАК ТОБАКО – на бул„Партизански одреди“ после „Лептокарија“, „ЕКСПАНДА“ – во Сити мол, „КОРАБ КОМЕРЦ“ пред ТЦ „Антико“ во Карпош 4, „ВЕНЕРА 1“ – кај студентски дом „Гоце Делчев“, „ДАЦИ 97“ – на главната улица во Ѓорче Петров, „ЕДЕЛВАИС“ – кај пазарот во Ѓорче Петров, „ТОЛЛАКС 2 ХОЛИДЕЈ ИН“ – трафиката на Кејот, „БОЛИДАС“ -  на Зелен пазар, „ТОБАКО КОРНЕР 2“ – на „Југодрво“, „Р.Е.-ИДА“ – на „Југодрво“, „ИКС ТРИ ТОБАКО“ во ГТЦ, „КРАНГО ДВА“ – на автобуска „Рекорд“ кај „Багат“, „ТОЛЛАКС 6 МАКЕДОНИЈА“ – на ул„Македонија“, „ПАРАГЛАЈДЕР“ – спроти Дом на градежници, „ТОЛЛАКС 5 СОБРАНИЕ“ – позади Собрание, „ТОБАКО БУГИ“ – на бул„Св. Климент Охридски“ после „Матица“ „САДЕ С 1“ – во Дебар маало спроти кафеаните, „МОЕ ТОБАКО“ спроти пазар „Буњаковец“, „КАПАЕЛ ТОБАКО“ – последна автобуска на „Партизанска“ пред центар (во зграда), „ТОЛЛАКС 4 БИСЕР“ во ТЦ „Бисер“ – Аеродром, „ТОЛЛАКС 11 МЕДИА“ – во ТЦ „Бисер“ – Аеродром, „ВИНСТОН“ – кај „Три бисери“ - Аеродром, „ТОЛЛАКС 3 СКОПЈАНКА“ – пред ТЦ „Скопјанка“, „ТОП ГАН“ – во Автобуската станица, „ТОБАКО КОРНЕР 1“ – спроти слаткарница „Палма“ во Аеродром,

Во Струмица: „СИТИ ПАРК 2“  и „ВАДИМ“

Во Штип: „ТОБАКО ЗИМБАК“ и „ДВ ХИТ“

Во Охрид: „ПРЕСС ЕКСПРЕСС“

Во Битола: „ДИМ ПО“, „ЛУНА ТУТУН“, „КРИСМИ ТРЕЈД“, „ТАЛЕВСКИ ТРЕН“

Во Прилеп: „АЈ НИКА ПРИЛЕП“ и „ЗАБРАНЕТО ПУШЕЊЕ ПРИЛЕП“ 

Агенцијата „Марили“ и во исклучително отежнати услови на пандемија со Ковид-19 успеа да го издаде јубилејниот каталог и да ја продолжи традицијата од 25 години на овој единствен ексклузивен проект од ваков вид во државата, печатен на македонски и на англиски јазик. На неговите страници годинава е одбележана и 30-годишнината од независноста на државата со историски датуми за државноста, важни културни и археолошки податоци за нашата самобитност и идентитет, со податоци за писменоста, фолклорот и обичаите, за сето она што не идентификува како посебен народ и култура на европската територија.

Во каталогот, исто така се пренесени интервјуа од значајни бизнис субјекти како двигатели на економијата и развојот на нашата земја, стопанственици што повеќе од три децении се присутни во македонската економија и се синоним за континуирано успешно менаџирање.

Со овој каталог агенцијата „Марили“ одбележува уште еден голем јубилеј, а тоа е 25 години од Изборот на најуспешните жени менаџери и затоа во него се присутни интервјуа со голем број менаџерки, меѓу кои и со лауреатките од годинашниот јубилеј. Во ова издание има и интервјуа од областа на културата, уметноста и спортот...
Каталогот е дистрибуиран и во амбасади, конзулати и во ексклузивни хотели.
Јубилејното издание на Бизнис каталогот 2021 може и електронски да се листа на порталот на агенција „Марили“ www.marili.com.mk.


Статијата е прочитана 607 пати.

Сподели: