Лукаревска: „181 фирма не исплатила плати за февруари и март, 753 работници не добиле плата“

До 31 мај 181 работодавач на кој што му била одобрена финансиката помош за исплата на плати за февруари и март не им ги префрлиле парите на работниците. Вкупно 753 работници не добиле плата со што се злоупотребени 12.071.908 денари државна помош за февруари и март годинава.

Ова го истакна директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска потенцирајќи дека неисплатени плати има и за ланската година иако државата помогнала во време на ковид-кризата, поради што УЈП веќе покренала постапки за тие работодавачи

Најголем дел од фирмите кои не исплатиле плати се од Скопје, потоа од Тетово и Битола. На тие работодавачи им се доставени опомени, по што се пристапува на присилна наплата. Според законот предвидена е казна од 500-10.000 евра, во зависнот од големината на правното лице.

„Доставени се опомени, а по истекувањето на рокот следува присилна наплата, како и глоба од минимум 500 до 10.000 евра во зависност од големината на правното лице“, рече Лукаревска.

Според Лукаревска вкупно 2.286 претпријатија кои лани добиле финансика помош од државата за исплата на плати на своите вработени, оваа година треба да ја вратат истата.

„Од 3.853 даночни обврзници, на 2.286 им се генерирани решенија за враќање на финансиската помош, додека 1.558 не треба да ја вратат помошта. За претворање во грант комплетирани се 1.288 барања, од кои 801 се прифатени, додека 408 не се прифатени. И натаму очекуваме да има нови бројки, ќе се менува бројката од ден во ден, односно ќе се усогласуваат барањата“, рече Лукаревска.

За претходниот циклус - октомври, ноември, декември пет работодавачи ги немаат исплатено платите за сите три месеци. Севкупно, тука има 365 неисплатени вработени, за сума од 5 милиони денари 

„До Генералниот секретаријкат ќе биде испратена нова листа за јавна објава и известување за понатамошни дејствија до ОЈО“, најави Лукаревска.

 


Статијата е прочитана 515 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско