Жените менаџери го потврдија континуитетот во успешно менаџирање и солидарност во услови на пандемија

Агенцијата „Марили“ заокружи 25 години континуирана поддршка на жените во бизнисот и по повод големиот јубилеј додели награди на 25 успешни жени менаџерки и на уште четири жени од други области што имаат континуиран успешен пат во својата професија

 

Со јубилејната 25-та по ред манифестација „Најуспешни жени менаџери“ што се одржа на 27 мај, агенцијата „Марили“ заокружи четврт век континуирана поддршка на жените во бизнисот. И овој пат жените менаџери ја потврдија својата силна страна - да се вмрежуваат, вплотуваат и да се солидаризираат, особено во услови на криза. Во тој контекст се одржа и континуитетот на овој проект кој претставува силна поддршка на жените менаџери, лидери и претприемачи, но е и поттик за младите генерации. 

Агенцијата „Марили“ успешно ја одржа јубилејната манифестација соочувајќи се со несекојдневните услови и проблеми наметнати од пандемијата. Со тоа потврди дека успешноста во континуитет претставува двојно потцртан успех.

Во свечена атмосфера во прекрасниот амбиент на хотелот Double Tree by Hilton во Скопје беа доделени статуетки на 25 жени менаџерки кои биле дел од оваа манифестација на „Марили“ во изминатите 25 години и континуирано успешно менаџираат повеќе од една декада, но добро се справуваат и со ковид-кризата. Истовремено, најголем дел од компаниите од каде доаѓаат наградените менаџерки дале свој придонес за полесно надминување на последиците од ковид-кризата како помош во здравствениот сектор и за социјално загрозените семејства.

Овој јубилеј имаше и своја додадена вредност - беа доделени и четири статуетки на жени од други области што имаат континуиран успешен пат во својата професија и изграден сопствен имиџ и бренд.

Наградени лауреатки се 

1 Валентина Тасева, генерален менаџер на „Семос Едукација“ - Скопје 

2 М-р Мирјана Паунова, генерален менаџер на „Минако“- Скопје

3 Д-р Жанина Петрова-Грајиќ, сопственик и менаџер на ПЗУ Центар за очи „Визиа“ – Скопје

4 Ленче Карпузовска, менаџер за комуникации во ЕВН Македонија

5 Виолета Поп Василева, претседател на Одбор на директори на „Нов Осигурителен Брокер“ – Скопје

6 Верица Милеска Стефановска, генерален менаџер на МДН Обезбедување - Скопје

7 Елена Младеновска-Јеленковиќ, директор на М6 Едукативен центар и менаџер за корпоративни комуникации на М6

8 Анета Антова Пешева, генерален менаџер на „Ултра-Унет“ групација на компании

9 М-р Мара Акимовска, менаџер за продажба и маркетинг во „Европа Лек Фарма“ (El  Pharma) - Скопје

10 Маја Андреевска, менаџер и продуцент во „Мунлајт продукција“ - Скопје

11 Искра Спироска Ивановска, генерален менаџер на „Тим Консалтинг“ - Скопје

12 Вал Јусуфи, извршен менаџер на ЛЕОРОН ГРУП – Дубаи

13 Менаџмент тим на „Кромберг и Шуберт Македонија“ – Битола

14 Васка Мојсовска, генерален менаџер на „Агро Калем“ Тимјаник и претседател на Национална федерација на фармери

15 Весна Мицева-Тодоровска, генерален менаџер на Конгресен сервисен центар – Скопје

16 Д-р Елена Василевска-Ѓеоргиева, специјалист по ортодонција, член на Управeн одбор на Поликлиника „Дента ЕС“ – Скопје

17 Билјана Караманолевска, генерален менаџер на детски градинки „Светот на Колорес“- Скопје

18 Д-р Горица Дачевска, специјалист по дерматовенерологија, генерален менаџер на ПЗУ „Др.Горица“ – Скопје

19 Пенка Мукаетова, основач и генерален менаџер на „Консалтинг Интер Груп“ – Скопје

20 М-р Лидија Таскова Попова, генерален менаџер на ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси - Скопје

21 М-р Магдалена Трајковска Трпевска, основач и генерален менаџер на „Технолаб“ – Скопје

22 Даниела Адемоска, сопственик и извршен директор на „Double Tree by Hilton“ Скопје и генерален директор на Ramstore Македонија

23 Јасна Ажиевска Петрушева, член на Одбор на директори на Мермерен Комбинат АД Прилеп, административен извршен директор

24 М-р Мерита Рамадани Алими, директор за бизнис и развој во DOGAN Air Conditioning Solutions – Скопје

25 Маја Бабиќ, извршен и оперативен менаџер во „Баги Комуникации“ – Скопје

 

1 Сава Димитрова, поранешен генерален менаџер на „Европа“ АД Скопје, актуелен претседател на Надзорен одбор на Комерцијална банка АД Скопје

2 Весна Ѓиновска-Илкова, оперска певица, сопран, првенец солист во Национална опера и балет

3 Дита Старова-Ќерими, директор на Национална галерија на Република Северна Македонија

4 Ели Танасковска, уредник и водител на Национална телевизија

 

Сите лауреатки добија мермерна статуетка „Жена водилка“ изработена по идејно решение на академскиот вајар Никола Смилков.

Манифестацијата беше поддржана и од Министерството за труд и социјална политика, а на гостите им се обрати министерката Јагода Шахпаска која говореше за лидерство и за предизвикот да се биде жена лидер. Осврнувајќи се на родовата еднаквост во македонското општество таа рече дека не само во сферата на економијата и бизнисот, туку и во политиката за да се стигне на позиција од која се носат одлуки, патот е трнлив. Токму затоа, како што истакна, треба сите заедно да работиме за унапредување на родовата еднаквост. 

„Да се биде жена лидер е потребно двојно поголем напор од мажите за да се постигне целта. На пречките и проблемите треба да им се погледне в очи и кога сите ве убедуваат дека е тешко, треба да се биде упорен и да се продолжи понатаму. И токму тоа го гледам во оваа сала. Гледам храбри и силни жени чиј успех не бил лесен, гледам жени кои се соочуваат со предизвици, но се доволно храбри да сонуваат и се доволно упорни да го остварат својот сон. Сонувајте, бидете визионери, бидете упорни и работете за остварување на вашиот сон. Низ личен пример воспоставете ја родовата еднаквост во бизнисите кои ги водите. Само на тој начин ќе постигнете целосна родова еднаквост“, им порача Шахпаска на присутните жени менаџерки, на успешните дами.

Генералниот менаџер на агенцијата „Марили“ и организатор на манифестацијата, Лидија Трипуноска во своето обраќање до присутните испрати неколку пораки.

„Овој јубилеј што се случува во услови на пандемија е начин да покажеме дека жените менаџери имаат уште една значајна особеност – да се вмрежуваат, вплотуваат и да бидат солидарни особено во услови на криза. А, со тоа испраќаме уште една порака до општеството дека со взаемни сили и солидарност можеме да се избориме со секоја криза, но и порака до младите генерации дека и овде, на овој простор може со претприемачки дух, лидерски способности и менаџерски вештини и со голема макотрпност и упорност да се гради успешен бизнис“, порача Трипуноска.

Манифестацијата ја збогатија изведбите на оперската певица Теодора Пејиќ, мецосопран и прекрасните стихови за жената искажани од официјалната водителка на настанот, Ели Танасковска.

 


Статијата е прочитана 1649 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско