Во државните лаборатории ќе се прават по 2.000 ковид-тестови дневно

Во државните лаборатории ќе се прават по околу 2.000 ковид-тестови дневно. Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) од денеска, покрај постојното приемно одделение ќе функционира уште едно одделение за прием, со лаборант и администратор со што ќе се забрза процедурата за земање тестови за Ковид-19.

Пунктот работи секој ден од 7,30 до 14 часот за земање брисеви, а од 18 до 20 часот за подигнување на резултатите.

Од Министрството за здравство соопштуваат дека на овој начин ќе се растовари приемното одделение имајќи предвид дека пациентите кои доаѓаат за тестирање ќе бидат распределени на два пункта

Од ИЈЗ велат дека со отворањето на новиот пункт ќе се зголеми бројот на тестирања на дневно ниво, а е предвидено дневно да се вршат до 1.000 тестови, што е за околу 150 тестови повеќе во однос на досегашните. Оттаму соопштуваат дека Институтот располага со доволен број тестови за Ковид-19.

Епидемиолошката служба ќе биде ангажирана во две смени, а за таа цел ќе бидат креирани и дополнителни термини за тестирање во системот МојТермин.

Предвидено е да се обезбедат вкупно 350 дополнителни тестови, по 100 на дневно ниво во Центарот за јавно здравје и во лабораторијата во Козле, како и дополнителните 150 во Институтот за јавно здравје. Со овие тестови значително се зголемува капацитетот на тестирање и ќе може да се постигне дневна бројка и до 2.000 тестирања во јавните здравствени установи.

 

 


Статијата е прочитана 709 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско