Обединетото Кралство ги призна македонските возачки дозволи

Обединетото Кралство ги призна македонските возачки дозволи, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил. Македонските граѓани кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Англија, Велс и Шкотска од 20 мај ќе можат да управуваат возило со македонска возачка дозвола.

Спасовки напиша дека врз основа на потпишан билатерален договор Обединетото Кралство е деветтата држава во која носителите на македонска возачка дозвола кои престојуваат на територијата на оваа држава не им е потребна меѓународна возачка дозвола.

„Носителите на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Англија, Велс и Шкотска, на нивно барање може да им се изврши замена на возачката дозвола и тоа почнувајќи од 20 мај годинава, што ќе значи и конечно решавање на ова многу важно прашање за државјаните на Република Северна Македонија во Обединетото Кралство. Се очекува многу скоро оваа законска процедура да биде прифатена и од властите на Северна Ирска“, пишува Спасовски.


Статијата е прочитана 707 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско