Култура

Распишан е конкурсот за наградата „Рациново признание“ за 2021 година

вторник, 27 април 2021

Општината Велес го распиша конкурсот за наградата „Рациново признание“ за 2021 година. Ќе се наградуваат прозни, литературни остварувања на автори од земјава објавени во периодот меѓу две манифестации, ланската и оваа.

На конкурсот имаат право да учествуваат сите автори и издавачи кои во периодот од јуни 2020 година до мај 2021 година објавиле прозни дела на македонски автори.

Делата се доставуваат во три примероци на адреса: Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес со назнака – За конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2021 година.

Делата треба да се достават на оваа адреса најдоцна до 25 мај 2021 година.

 

Содржината е прочитана 135 пати.