„Кемет Електроникс” ја проширува својата фабрика во Бунарџик

Американската компанија „Кемет Електроникс” го проширува капацитетот на фабриката во ТИРЗ Скопје 1. Ќе инвестира 10 милиони евра во нова линија за автоматско производство на кондензатори за автомобили, како и нова хала, а се отвора и Центар за истражување и развој на нови кондензатори и просторија за тестирање на нови материјали.

Со тоа се предвидува бројот на вработени од сегашните 270 да се зголеми на 500. Според најавите, новата линија треба да биде пуштена во функција од август годинава, а новата хала да почне да функционира во мај 2022 година.

„Кемет Електроникс” ја отвори фабриката во технолошко-индустриската развој на зона Бунарџик во Скопје во октомври 2012 година. На површина од 11.000 квадратни метри, од кои  9.000 се производствен капацитет се произведуваат електронски производи наменети за вселенската, авионската, воената и автомобилската индустрија.

 


Статијата е прочитана 499 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско