Просечната нето-плата во февруари изнесува 27.948 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2021 година изнесува 27.948 денари и е за 2,7 отсто повисока од истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи на повисоките просечни плати во секторите: Информации и комуникации од 10,1 отсто,  Други услужни дејности од  8,2 отсто и во Ррударство и вадење на камен од 7,5 отсто.

Исплатената просечна плата во фдевруари е за 324 денари пониска од таа исплатена во претходниот месец, со оглед дека во јануари просечната нето плата изнесуваше  28.272 денари.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 9 отсто, Уметност, забава и рекреација за 6,4 отсто и Дејности на здравствена и социјална заштита од 4,1 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во февруари 2021 година изнесувала 41.704 денари.

 


Статијата е прочитана 488 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско