Од 3.000 до 30.000 евра бескаматен кредит за фирмите преку Развојна банка

Фирмите наскоро ќе може да аплицираат за Ковид 4 бескаматната линија преку Развојната банка, дел од Петтиот пакет мерки, најави денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Како што истакна, издвоени се 10.000.000 евра, а фирмите ќе можат да аплицираат за кредити од 3.000 до 30.000 евра. Предвидено е за компаниите кои ќе го зголемат бројот на вработени или прометот дел од бескаматниот кредит да им се трансформира во грант.

Преку трите бескаматни линии кои досега беа пласирани преку Развојната банка, досега се зачувани 36.800 работни места во преку 2.700 фирми, а инјектирани се 44,1 милиони евра во стопанството.

Пренесено од МИА

 


Статијата е прочитана 537 пати.

Сподели: