АРЕЛ НЕВРОМАРКЕТИНГ ™ - единствена невромаркетинг лабораторија кај нас со иновативна апликација на невронауката во маркетингот

Невромаркетинг е иновативно поле на маркетингот кое користи напредна биометриска технологија и вештачка интелигенција за истражување на потсвесните реакции на потрошувачите. Се користи во сите области за кои е од суштинско значење да се разбере човечкиот процес на донесување одлуки

 

 

АРЕЛ НЕВРОМАРКЕТИНГ ™ е една од 76-те признаени невромаркетинг лаборатории во светот и 4-та во Југоисточна Европа, чија основна дејност е користење на невронауката и специфични технологии како енцефалографијата (ЕЕГ) за регистрирање на електричните импулси на невроните во мозокот.

Невромаркетинг е иновативно поле на маркетингот кое користи напредна биометриска технологија и вештачка интелигенција за истражување на потсвесните реакции на потрошувачите. Се користи во сите области за кои е од суштинско значење да се разбере човечкиот процес на донесување одлуки. Во нашиот случај, со апликација на невронауката во маркетингот доаѓаме до сознанија кои произлегуваат од емоциите, меморијата, вниманието и мотивацијата на потрошувачите.

Терминот невромаркетинг најпрво се појавува во САД во 2002 година, а набргу се проширува и во Холандија, Велика Британија и Шпанија. Според листата на членки на Меѓународната невромаркетинг бизнис асоцијација (NMSBA), денес невромаркетингот активно се применува во 40 држави, меѓу кои и во Македонија.

Подготовките за АРЕЛ НЕВРОМАРКЕТИНГ ™ започнаа во декември 2019 година. Во овој период активностите на лабораторијата се поврзани со неколку проекти. За домашните компании работи на развој на бренд и оптимизација на продажба со проучување на потсвесните перцепции за брендот. Лабораторијата е ангажирана и од странски компании за кои работи на стратегија за дигитална трансформација и предвидување на успехот на рекламните кампањи. Во интерес на соработката со образовниот сектор врши и едукација, односно запознавање на студентите со концептите на однесувањето на купувачите. 

Целта на отворањето на една ваква лабораторија е да се намали незивесноста со која се соочуваат компаниите, особено во овој период. Две третини од новопласираните производи на пазарот не ги исполнуваат очекувањата, а некои од нив нема да го дочекаат ни првото тримесечие.  Голем дел од буџетот потрошен на маркетинг не остварува повраток на инвестицијата. Околу 70 проценти од одлуките купувачите ги донесуваат импулсивно пред полица. Ова се последици од истражувања базирани на мислења и верувања дека изборот на купувачите е рационален.

АРЕЛ НЕВРОМАРКЕТИНГ ™ почнува со работа онаму од каде што конвенционалниот маркетинг завршува, а тоа е човечкиот мозок и тело. Нашите истражувања се засновани на научни факти кои произлегуваат од следачи на поглед за анализа на визуелно внимание, електроенцефалографи за откривање на когнитивните процеси, мерачи на интензитет на возбуда преку кондуктивноста на кожата, алгоритми за препознавње на лице и слично. Ова е единствен начин да се дојде до објективни одговори поврзани со перцепциите на купувачите за одреден бренд, нов производ, пакување, вкус, реклама, веб-страница и слично“, велат од лабораторијата. 

Основач на  АРЕЛ НЕВРОМАРКЕТИНГ ™ е Јасна Стоимировска Величков, дипломиран економист на Универзитетот „Оксфорд Брукс“ (Велика Британија), каде што завршува и магистерски студии по меѓународен менаџмент. Образованието го продолжува на одделот за континуирана едукација на Универзитетот „Оксфорд“, насока психологија. Со невромаркетинг се занимава од 2012 година. Познавањето за FMCG-секторот, како што појаснува, е резултат на нејзиното долгогодишно работно искуство во „Нилсен“ – Оксфорд, а практичното искуство го стекнува и за време на обуките за работа со биометриски невромаркетиншки техники во Данска и во Холандија.

„Нашиот главен фокус ќе биде да ги запознаеме домашните, а воедно и регионалните компании со придобивките на невромаркетингот и да им дадеме можност да дојдат до наоди поврзани со подсвесното донесување на куповните одлуки. Од друга страна, ќе се залагаме за создавање производи и услуги со додадена вредност за купувачот и нивно прилагодување на сегашните и идни потреби на пазарот. Со комбинација на техниките на маркетингот, невронауката и психологијата, компаниите ќе дознаат дали постои емоционална врска со она што стои зад ветувањето на нивниот бренд наспроти конкурентната средина. На овој начин компаниите ќе ја намалат неизвесноста при креирање на маркетинг стратегии и ќе остварат поголем повраток на инвестицијата“, вели Стоимировска Величков.  

„Арел невромаркетинг“ е проект кофинансиран од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), под инструментот за поддршка „Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновациите“. 

Подетални информации околу невромаркетингот  самиот проект може да се добијата на www.neuromarketing.mk и на info@neuromarketing.mk.


Статијата е прочитана 1724 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско