Култура

„Виртуелно ЈАС“ – инклузивен проект за компјутерска графика за децата со аутизам

вторник, 06 април 2021

Проектот го реализира Националната галерија во соработка со гимназијата „Алгоритам“

 

Национална галерија на Република Северна Македонија, како секоја година се приклучува во одбележувањето на месец април – месец посветен на подигнување на свеста за присуството и прифаќањето на лицата со аутизам, па годинава, во соработка со гимназијата „Алгоритам“ организира инклузивен проект за компјутерска графика на тема „Виртуелно ЈАС“.

Преку компјутерска графика децата од оваа ранлива категорија ќе бидат во можност да се претстават и изразат на креативен начин преку дигиталната технологија. Учество ќе земат ученици од гимназијата „Алгоритам“, како и други училишта кои имаат инклузивни образовни програми и институции кои ги поддржуваат ранливите категории.  

Тргнувајќи од тоа дека технологијата брзо се развива и станува неопходен дел од нашето живеење, овој проект има за задача да покаже дека компјутерот не прави разлика меѓу корисниците и нуди неограничени можности за изразување. Крајниот резултат од овој дигитален проект ќе биде прикажан преку изложба на сработените дела во Националната галерија.

Од таму ги охрабруваат што повеќе деца со аутизам да земат учество во овој проект

Сработените цртежи се праќаат на е-адресата info@algoritam.mk со наслов „Виртуелно ЈАС“, најдоцна до 20 април годинава. 

Содржината е прочитана 36 пати.