Интервјуа

До јак имунитет преку здрав начин на исхрана и здрави навики

среда, 31 март 2021

Интервју со Емилија Спасовска, генерален менаџер на „Нутри Ем“ во кое ја објаснува мисијата на компанијата преку индивидуален пристап и изработка на персонални програми на исхрана да се воспостави здрав животен стил, зборува за создавањето и одржувањето здрави навики во исхраната, за улогата на нутриционизмот како наука во подигнување на свеста на општата популација за придобивките од здравата исхрана и здравите навики

 

 

МАРИЛИ: Госпоѓа Спасовска, кажете ни од кога постои и со што се занимава „Нутри Ем“?

СПАСОВСКА: „Нутри Ем“ ДООЕЛ Скопје е компанија за услуги и советување во областа на нутриционизмот, здрав начин на исхрана и здрави навики.

Нашата мисија е преку индивидуален пристап и изработка на персонални програми на исхрана да воспоставиме здрав животен стил и здрави навики, а со тоа да ја постигнеме и посакуваната цел во однос на превенција, подобрување на здравствената состојба и третман кај хронично незаразни болести (ко-морбидитети) како дијабет, висок крвен притисок, гојазност,  анемија, холестерол во крвта, проблеми со тироидна жлезда, хпв-инфекции, хелико бактер во желудник, како и достигнување и одржување на идеална телесна тежина кај лица од сите возрасти. Истовремено и да ја подигнеме колективната свест за придобивките од здравиот начи на на исхрана и примена на здрави навики и здрава исхрана во секојдневното живеење.

Покрај персонални програми на исхрана, дел од нашите услуги се колективни програми наменети за деца во интензивен раст и развој во предучилишна и училишна возраст, програми за спортисти и програми за лица од трета доба.

Програмите на исхрани ги изработува високо стучен и образован кадар предводен од Емилија Спасовска Мојсовска, магистер по нутриционизам, Александра Митева, дипломиран инженер технолог за храна - нутриционист  и стучен медицински кадар и соработници во областа на медицината и диететиката.

 

МАРИЛИ: Од каде љубовта кон нутриционизмот и идејата да се занимавате со грижа за здрав начин на исхрана и здрав живот?

СПАСОВСКА: Здравиот начин на живот, бенефитите од здравата исхрана, неисцрпната и секогаш интересна наука за исхраната и потрагата по здрав и природен начин да бидеме поздрави ме доведе до професијата нутриционист која ја работам со задоволство.

Можноста за напредок и професионална надоградба ја насочив кон моите постдипломски студии каде магистрирав со просек 9.5 и потоа на докторски студии кои се во тек.

Учеството на многу домашни и меѓународни семинари и симпозиуми во областа на Нутриционизмот и исхраната ми дадоа можност со колеги од целиот свет да споделуваме меѓусебно искуство и новости кои придонесуваат за подобрување и поголеми и подобри ефекти од програмите на исхрана и искористување на бенефитите.

Во текот на работењето, со секој постигнат успех се зголемуваат љубовта и желбата да помогнам преку моите програми на исхрана во подобрување на здравствената состојба, намалување, зголемување на телесна тежина или создавање здрави навики.

 


МАРИЛИ: Дали најсовремените нутриционистички методи во светот се применуваат и кај нас и кои се тие?

СПАСОВСКА: Иако храната и исхраната се изучуваат со векови, модерната нутриционистичка наука е изненадувачки млада. Како релативно млада научна гранка во последните години и нашата земја се вклучува во следењето на светските и регионални научно-образовни трендови и методи кои се применуваат во областа на нутрициониозмот, здравата исхрана и квалитетната храна.

Создавањето образован кадар во областа придонесува за подостапен одговор на проблемите поврзани со храна и подигнување на свеста за важноста на исхраната, а воедно и елиминирање на последиците предизвикани од неправилна исхрана, со што Македонија чекори кон издигнување на високо ниво во областа на нутриционизмот во светски размери и примена на методите кои се во насока на подобрување на здравјето преку промена на здрава исхрана во секојдневниот живот и спречување појава на хронични незаразни болести.

 

МАРИЛИ: Здравиот начин на живот е светски тренд, а се повеќе се применува и кај нас. Колку нашата популација ги практикува здравите навики во исхраната и кој повеќе Ви се обраќа, мажите или жените?

СПАСОВСКА: Здравиот начин на живот и здравите навики се тренд кој секако не го одминуваме и ние. Интерсот за здрава и балансирана исхрана е голем кога се работи, пред се, за намалување на килограмите, но исто така и за примена на здравите навики и здравиот начин на живот.

Здравата исхрана игра голема улога во здравиот начин на живот. Она што го јадеме секој ден влијае на нашето здравје и на тоа како се чувствуваме сега и во иднина.

Создавањето и одржувањето здрави навики во исхраната може да биде многу  лесно, со внесување мали промени во дневните навики може да направиме големо влијание врз исхраната и да создадеме трајни здрави навики. Со подигнување на свеста за придобивките од здравиот начин на исхрана се поголеми се барањата за незина примена во различни цели, независно од воздраста и полот.

МАРИЛИ: Дали сметате дека компанискиот нутриционизам е потребен, колку тој се применува во развиениот свет, а колку кај нас?

СПАСОВСКА: Кога ќе се спомене професијата нутриционист, првата мисла е за стручно лице кое дава диета и помага во намалување на килограмите. Меѓутоа, работата и ангажманот на нутриционистите е во многу широки размери. Покрај, како што спомнав работата на создавање персонални програми на исхрана за намалување на килограмите, нутриционистите се вклучени и во изготвување и спроведување програми за превенција и сузбивање на незаразни заболувања поврзани со храната и исхраната.

Исто така, една од работите на нутриционистите која е од особена важност е во индустријата за храна. Како стручно обучен кадар се вклучени во производство, контрола на квалитет и подготовка на храната, во лабораториите за развивање нови видови храна и хранливи додатоци и во центрите за анализа и контрола на храна, 

Покрај истржувачката и производствената улога, нутриционистите играат важна улога во подигнување на свеста на општата популација за придобивките од здравата исхрана и здравите навики

Според тоа, според според мене потребно е нутриционизмот, како наука која е поврзана со најголемата човекова секојдневна потреба да биде застапен во секој сегмент на живеењето и работењето.