Со 2,5 милиона евра кредит ЕБОР и ЕУ ја поттикнуваат конкурентноста на малите бизниси во државата

Со кредит од 2,5 милиона евра ЕБОР ќе ја поттикнува конкурентноста на малите бизниси во државата. Кредитирањето е за инвестиции во надградба на производните капацитети и усогласување со директивите на ЕУ во областа на заштита на животната средина, безбедноста на работниците и квалитет и безбедност на производите. Зголемувањето на конкурентноста ќе ги подобри можностите на компаниите на локалните пазари и на меѓународно ниво.

Техничката помош и грантовите се финансирани преку ЕУ-Програмата за Западен Балкан за развој и иновација на претпријатијата.

„Оваа програма им нуди на локалните МСП поддршка во достигнување на ЕУ стандардите во три клучни области: заштита на човековата околина, здравство и безбедност и квалитет на производот. Новото финансирање значително ќе го олесни пристапот до потребното финансирање на малите бизниси кои се клуч за економско заздравување во овие времиња на предизвици правејќи ги бизнисите поконкурентни и отпорни овозможувајќи им подобро интегрирање во регионалните и европските синџири на вредности“, изјави Анди Аранитаси, преставник за ЕБОР за Северна Македонија.

„Европската Унија ќе продолжи да обезбедува поддршка на овој сектор во Северна Македонија преку Програмата за Западен Балкан за развој и иновација на претпријатијата, со цел да помогне во забрзувањето на економското обновување, подготовката за зелена и дигитална транзиција и целосно учество на МСП на единствениот пазар на ЕУ по пристапување во него. Особено сакаме да ги охрабриме партнерите од Западен Балкан да ги искористат можностите на заедничкиот регионален пазар и да работат кон овие цели“, изјави претставникот на ЕУ Делегацијата во државата, амбасадорот Дејвид Гир.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 2 милијарди евра во над 140 проекти во земјата.

 


Статијата е прочитана 568 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско