Се отвораат можности македонски фирми да учествуваат на тендери на НАТО

Македонски компании, пред се информатички ќе можат да се пријавуваат на тендери објавени за потребите на НАТО. Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска зборуваше за отворената врата на пазарот на НАТО, а Агенцијатаза информации и комуникации при Алијансата преку он лајн настан денес на неколку домашни компании им ги презентираше можностите за учество на овие тендери.

„Ја отворивме вратата кон НАТО, а сега ја отвораме и вратата на пазарот во НАТО. Агенцијата за информации и комуникации при НАТО денес пред неколку наши компании и експерти по информатички технологии ги презентираше можностите за учество на тендери за стручна поддршка на деловните процеси на Алијансата, во делот на комуникациски и информатички системи, сајбер одбрана, платформи, или вкупно околу 150 сервиси“, вели Шекеринска.

 


Статијата е прочитана 567 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско