Македонија
Македонија2025 објавува седум стипендии за Руската Претседателска Академија за Национална Економија и Јавна Администрација во Москва

понеделник, 15 март 2021
Македонија2025 објавува седум стипендии за Руската Претседателска Академија за Национална Економија и Јавна Администрација (РАНЕПА) во Москва за учебната 2021 година. Станува збор за најдобрата бизнис школа во Русија со меѓународна и национална акредитација, која според последните рангирања во 2020 година на универзитетите во Русија се наоѓа на 4 место.
Стипендиите се за следните области и вид на студии:
- две (2) стипендии со целосна школарина за додипломски студии по Европски бизнис, јазик и култура (4-годишни студии)
- две (2) стипендии со целосна школарина за магистерски студии по глобално лидерство (2-годишни студии)
- три (3) стипендии со делумна школарина (50%) за магистерски студии за управување со проекти (2-годишни студии).
Краен рок за аплицирање е 25 март 2021 година.
Од Македонија2025 истакнуваат дека ова претставува одлична можност за млади и амбициозни ученици и студенти да се здобијат со меѓународно искуство и диплома, а притоа и да запознаат колеги и професионалци од различни краеви на светот.
Сите заинтересирани повеќе детали околу стипендиите може да најдат на линкот: https://cutt.ly/tzI8wPo