Нов (по) интелигентен начин на користење на емоциите

Интернационалниот Центар за Емоционална Интелигенција (ИЦЕИ) – Охрид во соработка со Универзитетот Ново место од Ново место од Р.Словенија, агенција „Марили“ – Скопје и Македонската асоцијација на надарени и талентирани (МАНТ) реализираа повеќе вебинари на тема „Едукацијата во криза, криза во едукацијата“

 

Во рамките на потребите за едукации за поинтелигентно користење на емоции во „новото време“ Интернационалниот Центар за Емоционална Интелигенција (ИЦЕИ) – Охрид во соработтка со Универзитетот „Ново место“ од Ново место од Р.Словенија, агенција „Марили“ – Скопје и Македонската асоцијација на надарени и талентирани (МАНТ) реализираа повеќе вебинари.

Во ерата на глобализација кога светот станува (не) извесно место за човекот постојат многу причини да се стави фокус на функционирањето на нашиот емоционален живот. За секој од нас емоциите имаат свое место и своја индивидуална „генетска“ и „социјална“ историја. 

Како практична основа за градење нова едукативна платформа за СЕКОЈ И СЕКАДЕ служат се почестите тврдења дека „новото време“ остава се помалку простор и време за емоциите.

Човекот и организациите имаат (без)условна навигација кон нова култура на живеење со поинтелигентно користење на емоциите.

На 30 јануари се одржа првата обука за постигнување индивидуална и организација хармонија – „ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И ЖЕНСКОТО ЛИДЕРСТВО  (баланс помеѓу професијата и семејството). Предавачаи на обуката беа: 

1.     Проф. д-р Љупчо Кеверески. претседател на ИЦЕИ-Охрид тема: „Психолошкиот профил на жените лидери“

2.     проф. д-р Милан Јазбец, поранешен амбасадор на Р. Словенија во Скопје тема: „Женското лидерство низ призмата на дипломатијата“

3.     Проф. д-р Бисера Карановиќ, продекан, Висока пословна школа, ПАР, Риека, Р. Хрватска. тема:  „Женското лидерство во Р. Хрватска“         

4.     М-р Иванка Корез, Р. Словенија, директор на ОУ Цирковце, Р. Словенија, тема: „Женското лидерство во Р. Словенија, (лични импресии и искуства)“

5.     Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенција „МАРИЛИ“, Скопје, тема: „Женското лидерство во Р. С. Македонија (искуства-практики)“

6.     Проф. д-р Константин Петковски, Хајделбер Институт  Скопје, тема: „Феноменот на лидерството“

Истот ден се одржа уште една обука под наслов „ЕМПАТИЈАТА ВО УСЛОВИ НА КРИЗА, КРИЗА ВО ЕМПАТИЈАТА“ на која мидератор беше проф. д-р Љупчо Кеверески, национален координатор на Интернационалното здружение за Емоционална интелигенција, Њујорк САД,  (International Society for Emotional Intelligence, Inc. (ISEI) New York, USA) со тема: „Емпатијата  во криза, криза во емпатијата“, а предавачи: 

1.     Проф. д-р Кирил Барбареев, УГД-Штип, тема: „Развој на емпатијата во предучилишен период“

2.     Проф. Д-р  Љилјана  Крњета, здружение ,,Заедно во Европа“, Бања Лука, Р. Босна и Херцеговина, тема: „Емоционалната интелигенција во новите предизвици“

3.     Проф. д-р Mарија Димоска Котеска,тема: „Емпатијата како интегрална компонента на емоционалната интелигеција и лидерството“

На 27 февруари годинава се одржа нов вебинар под наслов „ПСИХОЛОГИЈА НА УСПЕХОТ НА СВОЈ НАЧИН“ на кој предаваа:

МОДЕРАТОР: Проф. д-р Љупчо Кеверески, национален координатор на Интернационалното здружение за Емоционална интелигенција, Њујорк САД,  (International Society for Emotional Intelligence, Inc. (ISEI) New York, USA)

1.     проф. д-р Милан Јазбец, поранешен амбасадор на Р. Словенија во Скопје

2.     Проректор Проф. д-р Јасмина Старц, Универзитет „Ново Место“, Ново Место, Р. Словенија 

3.     Патар Денкоски, генерален менаџер на „Веро/Веропулос“, Скопје

4.     Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенција „МАРИЛИ“, Скопје,

Интернационалниот Центар за Емоционална Интелигенција (ЕИ-ПУЛС) е невладина организација која се занимава со афирмација на проблематиката на емоционалната интелигенција која има значаен придонес во зачувувањето и унапредувањето на менталното здравје на младите и возрасните. Нејзино главно мото што ја динамизира целата акција е „Развојот на емоционалната интелигенција од потенцијал до талент“ и зборува за неограничениот човечки потенцијал за развој на неговите надарени, талентирани и креативни, социо-емоционални способности и вештини.

 


Статијата е прочитана 720 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско