Македонска берза го запре тргувањето со акциите на ЗК „Пелагонија“

Привремено е суспендирано тргувањето со акциите на ЗК „Пелагонија“ АД Битола, информира Македонска берза.

Од таму појаснуваат дека суспендирањето е по налог на Комисијата за хартии од вредност.

Вчера во некои медиуми излезе информација дека има обид за манипулација на помалите акционери во ЗК „Пелагонија“ со што вештачки се крева цената на акцијата на комбинатот.

Завчера во две блок трансакции со вредност од околу 374.000 евра на Берзата беа продадени 7.456 акции на Комбинатот. Акциите се продадоа по цена од 3.000 и 3.900 денари за акција.

На последното Собрание на акционери од  8 февруари беше донесена одлука за продажба на 2.803 акции, или 1,38 отсто од основната главнина на „Пелагонија“.

Во сопственичката структура на ЗК „Пелагонија“ меѓу големите акционери се „Софија градба“ со 22,7 отсто од акциите, Цветан Панделевски и „Орка Холдинг“ со 19,9 отсто и Ненад Јосифовиќ кој поседува 7,39 отсто од акциите.

 


Статијата е прочитана 554 пати.

Сподели: