Бизнис вести

Страшо Милковски купи 12.781 обични акции од „Гранит“

среда, 10 февруари 2021

Претседателот на Управниот одбор на градежната компанија „Гранит“, Страшо Милковски го зголеми својот удел во компанијата, соопшти компанијата преку Македонска берза.

Милковски купил 12.781 акција, што претставува 0,4 отсто од акциите на „Гранит“, по цена од 1.314 денари, за што платил повеќе од 260.000 евра.

„Известуваме дека претседателот на Управниот одбор, Страшо Милковски се стекна со 12.781 обични акции од издавачот ’Гранит’ АД Скопје“, стои во соопштението.

Страшо Милковски кој порано беше најголем поединечен акционер во „Гранит“, а пред неколку години најголем дел од своите акции ги подели на неговите две деца кои го наследија во врвот на компанијата, во мај лани поседувал 0,31 отсто од акцииите, или 8.652 акции. Сега најголеми сопственици во компанијата се синот Зоран кој е на позицијата генерален директор и има 8,23 отсто од акциите и ќерката Ивана која поседува 8,4 отсто од акциите на компанијата. Трет по големина акционер е НЛБ Нов пензиски фонд, а акции има и Истинвестор ЛТД . Останатите акционери поседуваат помалку од 5 отсто од акциите.

 

Содржината е прочитана 43 пати.