Инфо

„Визер“ на патниците им нуди патничко осигурување со покриеност за Ковид-19

петок, 29 јануари 2021

„Визер“, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа денес најави дека ќе им понуди на патниците осигурување за Ковид-19, како дел од нејзината понуда за патничко осигурување достапно на Wizzair.com преку партнерство со осигурителната компанија Chubb.

Патниците на „Визер“ можат да купат патничко осигурување кое сега ги покрива откажувањата и трошоците за лекување поврзани со Ковид-19 при патување во странство. На пример, ако се заразите со Ковид-19 додека патувате во странство и имате дополнителни трошоци поради продолжен престој или медицински третман за време на болеста „Визер“ патното осигурување ќе ги покрие овие трошоци со применлива максимална сума. Или можеби сте требале да го откажете патувањето затоа што се заразивте со Ковид-19 пред заминувањето? Осигурувањето на „Визер“ е тука за да ве заштити.

Патничкото осигурување „Визер“ опфаќа и изгубен, украден или оштетен багаж, како и пропуштени заминувања.

Покрај патничко осигурување „Визер“ нуди и индивидуално покритие за откажување во одредени земји. И покритието за откажување и патничко осигурување може да се купат или за време на процесот на купување авионски билети на веб страницата на „Визер“, или преку апликацијата на „Визер“ и се однесува и на билетите во еден правец и на повратните билети.

„Ние во WIZZ сме посветени на оптимизирање на искуството за патување, без разлика дали станува збор за процес на купување билети, услуги за време на летот или дополнителна понуда што го прави патувањето поудобно и полесно. Благодарение на нашиот проширен пакет за патничко осигурување патниците можат да бидат уверени дека се подготвени и покриени во случај Ковид-19 да го наруши нивното патување“, рече Андрас Радо, виш менаџер за корпоративни комуникации.

 

Содржината е прочитана 77 пати.