Мастерклас „The Mindset: Re-wiring the leaders’ Brain Power“ во организација на М6 Едукативниот центар

Мастеркласот со еден од најеминентните експерти од областа на корпоративната стратегија, маркетинг и брендирање и интернационализација, д-р Николас Кфури ќе се реализира на виртуелната платформа zoom, почнува во 15:00 часот

 

Во петок на 29 јануари годинава М6 Едукативниот центар организира мастерклас со еден од најеминентните експерти од областа на корпоративната стратегија, маркетинг и брендирање и интернационализација, д-р Николас Кфури.

Мастеркласот носи наслов „The Mindset: Re-wiring the leaders’ Brain Power и преку него ќе се стави акцент на промените кои раководителите во компаниите/организациите треба да ги прифатат со цел редефинирање и реконцепирање на нивните психолошки и бизнис модели.

Организиран е така да ги води учесниците низ различни стратешки пристапи, од адаптивниот стратешки пристап и предностите кои ги бележи пред конвенционалниот стартешки пристап, па сè до различни пристапи, техники и алатки кои тие ќе можат да ги имплементираат во своите компании/организации.

Целта е преку практични примери да се разбере зошто процесите за стратешко планирање никогаш повеќе нема да бидат исти како до сега, укажувајќи на сите потребни чекори кон имплементација на повеќе успешни развојни стратегии. 

Првите 100 години од постоењето на менаџментот експертите се фокусирале на стратегии и алатки за подобрување на процесите и зголемување на ефикасноста, но сега денешните експерти се рефокусираат кон истражување и наоѓање нови бизнис модели.

Овој мастерклас е наменет за врвниот менаџмент на компаниите/организациите за кои ќе се презентираат алатки и техники кои се потребни за преминување од конвенционално стратешко планирање кон адаптивни стратегии, вклучувајќи различни концепти како агилни, креативни стратегии и стратегии кои водат до исполнување на зацртаните цели.

Мастеркласот ќе се реализира на виртуелната платформа zoom, почнува во 15:00 часот во петок – 29.01.2021 година и ќе трае два часа.

Сите пријавени учесници ќе добијат линк за следење на мастеркласот, навремено пред почетокот на истиот.

Цената за учество на мастеркласот изнесува 7.990 денари (+ ДДВ).

За двајца учесници од иста компанија/организација постои можност за попуст.

Регистрирајте се за Мастеркласот The Mindset: Re-wiring the leaders’ Brain Power на следниот линк:  http://m6.edu.mk/events/the-mindset-re-wiring-the-leaders-mental-and-business-models/

 


Статијата е прочитана 581 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско