Инфо

Дизелот поевтинува за половина денар, бензините остануваат со иста цена

понеделник, 25 јануари 2021

Од ноќеска на полноќ дизлот ќе има за половина денар пониска цена, додека бензиите и Екстра лесното масло за домаќинство ќе останат со непроменета цена. Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,10 проценти во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени со Одлуката од 22.01.2021 година

Според тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму изнесува 61,00 денари од литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува 63,00 денри литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) 41,50 денари литар.

Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), пак, ќе се точи по цена од 52,00 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,445 денари за килограм и ќе изнесува 31,268 денари по килограм.

 

 

Содржината е прочитана 200 пати.