Инфо

Бензините и дизелот поевтинуваат за два денари

петок, 22 јануари 2021

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 2 денари по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се намализа 13 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Ваквата одлуката е донесена поради тоа што престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што практично од вечерва на полноќ во сила стапува Законот за акцизи.

Според тоа, од ноќеска на полноќ новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 61 денар за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 63 денари, додека литар дизел ќе се точи по 52,50 денари. Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 41,5 денари за литар. Цената на мазутот останува на 30,823  денари за килограм.

„Поради истекување на важноста на Уредбата која што беше донесена за време на вонредната состојба, од вечерва на полноќ се враќа на сила Законот за акцизи кој се применуваше пред да се донесе Уредбата. Поради оваа состојба РКЕ донесе измена на одлука со што износите на одделни елементи кои влегуваат во структурата при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт се променети согласно важечките износи на акцизите, утврдени во Законот за акцизи. Овие цени ќе важат се до донесување на нова одлука. Како што знаете, РКЕ секој понеделник носи одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт. Доколку во меѓувреме Собранието ги изгласа измените на Законот за акциза во кои се вметнати одредбите од Уредбата, РКЕ ќе закаже седница и ќе изврши соодветно усогласување на одлуката“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

 

Содржината е прочитана 190 пати.