Инфо

Горивата поскапуваат за еден до еден и пол денар од литар

понеделник, 18 јануари 2021

За еден до 1,5 денар по литар ќе поскапат горивата, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. И тоа, бензинот БС-95 и дизелот ќе поскапат за еден денар, додека БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денар по литар.

 

Од ноќеска на полноќ новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 63,00 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 54,50 денари за литар. Литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се точи за 65,00 денари, а литар Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 54,50 денари.

 

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,172 денари по килограм во однос на цената утврдена пред една недела и ќе изнесува 30,823 денари килограм.

 

Содржината е прочитана 182 пати.