Ацо Дудулоски и Фатмир Етеми целосно го преземаат „Скопски пазар“

„Современ дом“ од Прилеп и „ЗСФ ком“ од Скопје доставиле вчера известување со намера за преземање на „Скопски пазар“. Ова го соопштија преку Македонска берза  трите компании.

Во намерата за преземање стои дека даваат понуда за преземање на сите обични акции и тоа по цена од 6.500 денари по акција. 

„Современ дом“ и „ЗСФ ком“ се двата најголеми акционери во „Скопски пазар“ кои заедно формираа нов надзорен и нов управен одбор. Двете компании поседуваат близу 50 отсто од акциите на „Скопски пазар“. Односно, „Современ дом“ поседува 24,8 отсто од акциите, а „ЗСФ ком“ 22,72 отсто. Останатите акции ги поседуваат: „Лико-Проект“ со над 24,71 отсто,  „Скопски пазар“ има 11,46 отсто, додека 19,03 проценти од акциите им припаѓаат на малите акционери.

„Скопски пазар“ управува со 13 зелени пазари во Скопје и со еден сточен пазар, располага со деловен простор претежно наменет за издавање со вкупна површина од околу 58.000 квадратни метри.

 


Статијата е прочитана 975 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско