Прогласени најдобрите угостителски објекти во Скопје за 2020 година

Градот Скопје ги прогласи најдобрите  13 угостителски објекти за 2020 година. Годинава по 13.пат беше реализиран проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“ во организација на Град Скопје и „SWOT Research“, агенција за анализа на квалитетот на услугата.

Во категоријата Ресторани за најдобар е прогласен ресторанот „Стара Градска куќа“, за најдобра гостилница е прогласена „Дебар маало“, во категоријата Lounge и мезе барови првото место и припадна на рок кафана „Рустикана“, а „Happy caffeе“ е најдоброто кафуле во Скопје.

Раководителот на Секторот за Локален економски развој на Град Скопје, Марко Тодоров денес им ги додели плакетите на претставниците на најдобрите угостителски објекти.

Од Град Скопје информираат дека агенцијата „SWOT Research“ ангажирала тајни купувачи кои ги оценувале угостителските објекти според неколку стандарди: прв контакт и поздравување, хигиена во објектот и о тоалетите, воспоставени ковид-мерки, амбиент, услуга на келнерите, општа услуга, квалитет на храната и завршен контакт.

Проектот кој се реализира по 13.пат им за цел да ја разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет и на целокупниот амбиент во угостителските објекти на територијата на градот.

 


Статијата е прочитана 679 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско