Брендот „Шел“ влегува во Македонија

На новата делница од автопатот Демир Капија – Смоквица наскоро ќе биде отворена бензиска пумпа од брендот „Шел“ (Shell). Всушност, под овј светски бренд ќе бидат отоврени три бензински пумпи во Македонија.

„Шел“ влегува во земјата преку компанијата „Бест веј оил“ која е дел од групацијата „Бест веј инвестмент“, чиј основач и директор е Јордан Мијалков, син на Сашо Мијалков. На интернет страницата на компанијата „Бест веј инвестмент“ (Best Way Investment DOOEL) пишува дека наскоро ќе бидат отворени бензиски пумпи на нови локации кои ќе работат под брендот „Шел“ (Best Way Oil brand, Shell Coral A.E.).

„Бест веј оил“ веќе има три бензински станици - две во Гевгелија, односно Смоквица и една во скопска Пинтија.

Во портфолиото на „Бест веј инвестмент“ освен „Бест веј оил“ се и „Девелоп груп“, хотел „Мериот“, „Maкс бет“, „ОМ петрол“, „Поинт оил транспорт“, Стопанска банка Битола и боречкиот клуб „Јордан Мијалков“.

„Coral“ е грчка компанија која под брендот „Шел“ има 760 бензински пумпи во Грција, во Кипар, а од 2018 година е присутна и во Србија.

 


Статијата е прочитана 1842 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско