Инфо

Бензините ќе поскапат, дизелот ќе поевтини за половина денар по литар

понеделник, 21 декември 2020

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина денар, а дизелот ќе поевини за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според тоа новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 62,5 денари литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесуваат 53 денари за литар.

За 0,550 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,837 денари.

 

Содржината е прочитана 241 пати.