Култура

Арт-презентација: Проект „А Реакција“ на Мариа Павловска/ Live stream

вторник, 15 декември 2020

Денес од пе 13 часот во Кинотека на Северна Македонија ќе се одржи Арт-презентација: Проект „А Реакција“ на Мариа Павловска/ Live stream.

Модератор на презентацијата е Тони Димков од Културен печат, а соработници Горанчо Ѓоргиевски од Национална галерија на РСМ и Кервин Кендал Вилијамсон, фотограф од САД

Визуелната авторка Мариа Павловска во нејзината 20-годишна уметничка практика ја истражува уметноста користејќи ги поларните црно-бели бои и се истакнува со специфичен експресивен стил, кој е единствен како кај нас во Балканскиот регион, така и на пошироко меѓународно ниво. Делата на Павловкса се составени од впечатливи, непостојни потези - опфаќаат поларни спротивности: светло и темно, полно и празно, црно-бело. Формите на делата се развиваат од слика или цртеж, до видео или инсталација.

Настанот Арт-презентација: Проект „А Реакција“ на Мариа Павловска ќе ја претстави активноста на македонската авторка и нејзините резултати постигнати на интернационален план на полето на ликовното, а се последица на уметничката резиденција во Музејот „Мана Контемпорари“, водечка институција во Њујоршката област во САД. Проектот изработен во резиденцијата е документиран со покровителство на Музејот и забележан и поканет од Европскиот Културен Центар да учествува на 58-то Венециско Биенале. Документирајќи го целиот процес на проектот е издадена и монографијата „А Реакција“ од страна на издавачка куќа „Ројал Арт“ со поддршка на Музејот „Мана Контемпорари“.

Мариа Павловска е родена во Скопје, Македонија. По студиите таа опстојува со резиденции и самостојни изложби во Париз, Берлин, Белград, Сараево, Софија, Љубљана, Виена, Кремс, Нирнберг, Манила, Конетикат и Њујорк. По првото самостојно претставување во Њујорк во 2007 година Павловска живее на релација помеѓу Скопје и Њујорк, каде продолжува да биде активна на њујоршката уметничка сцена, а исто така изложува и на интернационално ниво. Нејзини дела се изложувани во повеќе земји, каде остварува 30 самостојни изложби и повеќе од 100 групни меѓународни изложби. За нејзините уметнички дела се објавени рецензии во многу списанија, написи на весници, како и текстови во музеи, галерии и каталози и монографии ширум светот.

Марија Павловска учествуваше на Биеналето во Венеција 2019 година, поканета од Европскиот културен центар, на Арт Базел Мајами во 2014 година, претставена од МАNA Contemporary USА, беше наградена kako Ситибанк Уметник на годината - Годишна самостојнa изложба на 60-тата / 5-та авенија во 2011 година, исто така ја понесе првата престижна награда за сликарство на фондацијата „Кароле А. Феуерман“ во Њујорк, награда за сликарство на интернационалната изложба „Mixing Medias“, чиј домаќин беше Фондацијата „Карол А. Феуерман“ во 2015 година и има добиено 16 грантови за уметност во текот на нејзината кариера.

Во досегашната дејност Павловска е добитник на 5 значајни награди и признанија од областа на ликовната уметност. Цртежите и делата на Павловска се поканети и вклучени во 5 книги, ко-соработка со поети и писатели на интернационално ниво. За нејзиното дело се издадени две монографски изданија и повеќе каталози. Завршува докторски студии во 2016, а во 2019 година тезата се преточува во монографско дело и се издава нејзината прва авторска книга: „Првиот Принцип-Цртежот“.

 

Содржината е прочитана 105 пати.