Инфо

Поскапуваат горивата

понеделник, 14 декември 2020

Од ноќеска на полноќ оривата ќе поскапат за половина до еден енар од литар, одлучи Регукаторната комисија за анергетика, која во согласност со методологијата што ја користи за пресметка на цените ги зголеми цените  во просек за 0,82 отсто.

ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), како и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе поскапат за половина денар, што значи дека еден литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 60.00 денари, додека еден литар дизел 53.50 денари.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 62.00 денари за еден литар.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 53,50 денари литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,081 денари по килограм и со тоа еден килограм ќе се продава по 28,287 денари.

Содржината е прочитана 248 пати.