Инфо

Бензините поевтинуваат за 1-1,5 денар, дизелот останува со иста цена

понеделник, 07 декември 2020

Бензините поевтинуваат за 1 до 1,5 денар по литар, додека дизелот останува со непроменета цена, одлучи Регулаорната комисија за енергетика. Според одлуката малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените се намалуваат во просек за 0,90 отсто.

Тоа значи дека од ноќеска на полниќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,50 денар од литар и ќе изнесува 61,00 денар за литар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе поевтини за еден денар и ќе се продава по 59,50 денари литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, па литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и натаму ќе чини 53,00 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 53,00 денари литар.

 Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,133 денари килограм и ќе се продава по 28,368 денари килограм.

Содржината е прочитана 230 пати.