Култура

Културна презентација во дијаспората

Со извонредниот сенс и разбирање на Министерството за култура на Република Македонија, продолжуваме со настани и на Скандинавскиот Полуостров. Оваа година во Кралството Шведска, со поддршка на Амбасадата на РМ во Стокхолм, бевме сведоци на хуманитарниот концерт што беше одржан во овој град на 29.9.2016 година, а на него учествуваа гитаристот Дарко Багески и женскиот хор „Св. Злата Мегленска“ од Р. Македонија. Средствата што се собраа на овој концерт беа наменети за населението што беше погодено од неодамнешните поплави во скопското подрачје.

вторник, 04 октомври 2016

Еден народ се цени и се вреднува од неговото културно богатство. Но во напливот на сите техничко-технолошки достигнувања многу работи од областа на презентацијата, афирмацијата и промоцијата на културата на еден народ понекогаш остануваат на некои маргини „таму“ или „ваму“ некаде низ светот.

Токму затоа, без обвинувања дека некој сака да ги „негира“ или да ги „девалвира“ нашите културни вредности и достигнувања, неминовно и повеќе од потребно е таа култура, тоа богатство, континуирано и несебично, да го презентираме без запирање, со голем ентузијазам, каде и да бидеме, на кој било меридијан од Земјината топка ...постојано да имаме на ум дека сами треба да се декларираме кои сме и од каде сме! А тоа се постигнува со секојдневни настани од областа на културата секаде каде што се наоѓаме!

И токму во тој правец, со извонредниот сенс и разбирање на Министерството за култура на Република Македонија, продолжуваме со настани и на Скандинавскиот Полуостров. Оваа година во Кралството Шведска, со поддршка на Амбасадата на РМ во Стокхолм, бевме сведоци на хуманитарниот концерт што беше одржан во овој град на 29.9.2016 година, а на него учествуваа гитаристот Дарко Багески и женскиот хор „Св. Злата Мегленска“ од Р. Македонија. Средствата што се собраа на овој концерт беа наменети за населението што беше погодено од неодамнешните поплави во скопското подрачје.

Следниот ден познатиот гитарист отпатува во Малме на концерт во Работничкиот универзитет „Вуксен скула“, каде што публиката од сите етникуми, кои се студенти на овој универзитет, со громогласни аплаузи го наградија нашиот уметник и му упатија многу убави зборови со благодарност за дадената можност да се запознаат со неговото музицирање. Тој изведе дела за гитара од светските композитори, како и транскрипирана музика од нашата македонска народна песна што, всушност, претставуваше адекватна презентација на македонската музика и во овој дел од светот.

Дарко Багески ги покажа својот квалитет и умешноста, но и богатството и колоритот на македонската музика што совршено прозвучи низ интерпретацијата на гитара во рацете на овој врвен уметник.

Тоа останува да се запамети до некој следен ваков вид настан, да се зборува за Македонија, Македонците и за нивната пребогата култура...

 

Малме 3.10. 2016 пишува
Лилјана Стоилковска Андовска
 

Содржината е прочитана 1379 пати.