Култура

Концерти на гитаристот Дарко Багески во Стокхолм и Малме

Гитаристот Дарко Багески ќе одржи солистички концерт на 29 септември во Стокхолм, кој е организиран од Амбасадата на Република Македонија во Шведска. Концертот е хуманитарен и средствата ќе бидат донирани за населението во Скопско погодено од поплавите по невремето на 6 август.

вторник, 27 септември 2016

Наредниот ден, 30 септември, Багески ќе одржи солистички концерт и во Малме, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Концертот е организиран од Лилјана Стоилковска-Андовска и Друштвото „Македонија“ од Малме, со цел да се презентираат македонските уметници во Шведска.

На програмата на двата концерта се дела од Џулијани, Бариос, Мерц, Јовичиќ, Мирослав Тадиќ, Реис.
Дарко Багески (1981) е вонреден професор по гитара на Факултетот за музичка уметност во Скопје, одржува мастеркласи на меѓународни фестивали и натпревари и често е член во жиријата.

Музичкото образование го почнал во Скопје, матурирал во Средно музичко училиште во Загреб, а дипломирал на Високата школа за музика „Франц Лист“ во Вајмар, Германија. Магистрирал на Државниот конзерваториум за музика во Солун. Се едуцирал кај еминентни професори по класична гитара, како: Џевдет Сахатџија, Герхард Рајхенбах, Јурген Рост, Костас Коциолис.

Имал голем број солистички концерти во Македонија, Хрватска, Србија, Германија, Грција, САД, Шведска..., настапувајќи како солист со камерни оркестри и со Македонската филхармонија.
(Преземено од МИА)

Содржината е прочитана 302 пати.