Мода

Врвна креација за врвниот талент Ева Богоевска

За комплетниот настап на Ева Богоевска и ексклузивното претставување на Меѓународниот фестивал за уметност и култура “Jerusalem of gold“ допринесе и извонредната креација на Антонија Ристовска, која што беше специјално направена за оваа прилика, прилагодена кон ориенталната архитектура на Ерусалим.

петок, 23 септември 2016

Нашата голема надеж во класичната музика, виолинистката Ева Богоевска ја доби највисоката награда Гранд При на Меѓународниот фестивал за уметност и култура “Jerusalem of gold“, што се одржа од 11 – 14 септември во Ерусалим. Да се биде на врвот на вака значајни меѓународни натпревари е доказ за огромниот талент но и макотрпна работа и постојана музичка едукација во рамките на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, со постојана поддршка на нејзината мајка Марија Богоевска, професор во музичкото училиште. Но, за да се има комплетен настап и ексклузивно претставување допринесе и извонредната креација на Антонија Ристовска, која што беше специјално направена за оваа прилика, прилагодена кон ориенталната архитектура на Ерусалим. Повеќе од една година успешна соработка на Ева Богоевска со нашата врвна креаторка, што доведе и до потпишување на годишен договор за соработка, што секако ќе допринесе за квалитетните настапи на нашата виолинистка на домашната и меѓународната сцена.

 

Содржината е прочитана 910 пати.