Култура

Ева Богоевска добитник на Гранд При во Ерусалим на меѓународниот фестивал за класична уметност и култура

Повторно врвно достигнување на нашиот талент за виолина - Ева Богоевска, која се закити со уште една голема награда Гранд При како највисока награда на меѓународниот фестивал за уметност и култура “Jerusalem of gold“.

петок, 23 септември 2016

Повторно врвно достигнување на нашиот талент за виолина - Ева Богоевска, која се закити со уште една голема награда Гранд При како највисока награда на меѓународниот фестивал за уметност и култура “Jerusalem of gold“. Фестивалот се одржа од 11 – 14 септември а нашиот тим го сочинуваа Ева Богоевска, директорот на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“– Јован Бицевски, директорот на фестивалот „Езерски бисери“ – Маријан Катароски и мајката на Ева - Марија Богоевска. Огромниот напор што го вложува Ева Богоевска заедно со својот тим успеа да ѝ донесе нејзе но и на нашата држава престижно признание кое во рамките на фестивалот е награда од највисок ранг за класични танци и класична музика. Ова е потврда за огромниот талент на Ева Богоевска која што веќе е добитник и двете големи награди, и тоа: прва награда на “Сан Ремо“ јуниор во 2012 година и лауреат од прв степен за изведувач на виолина во Сан Петербург во 2014 година. Ева Богоевска, како исклучителен талент, многу вложува во своето музичко образование и веќе со 16 години е најмладиот студент на факултетот за музичка уметност во Скопје.
 

Содржината е прочитана 419 пати.