Бизнис вести

„Алкалоид“ одбележа 80 години постоење

Во кругот на блиски соработници и пријатели, „Алкалоид“ na 20 септември на автентичен начин ја раскажа осумдецениската успешна приказна, во чие сиже се вкоренети 80 години неуморно истражување, иновации и континуирани вложувања во визијата за поздрав живот, соопштија од компанијата.

четврток, 22 септември 2016

Во кругот на блиски соработници и пријатели, „Алкалоид“ na 20 септември на автентичен начин ја раскажа осумдецениската успешна приказна, во чие сиже се вкоренети 80 години неуморно истражување, иновации и континуирани вложувања во визијата за поздрав живот, соопштија од компанијата.

Во рамки на гала прославата во хотелот „Александар Палас“ на која присуствуваа бројни претставници на фармацевтскиот и здравствениот сектор, бизнис-заедницата и политичката елита, уметници и спортски работници, беа претставени скромните почетоци на „Алкалоид“, во далечната 1936 година, кога 15 работници и два производствени погони ги поставиле темелите на компанијата која денеска е водечка фармација во земјава и шеста фармацевтска индустрија во Југоисточна Европа.

За успехот на „Алкалоид“ и идните планови и предизвици, во своето пригодно обраќање, генералниот директор и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов, кој на чело на компанијата е цели 10 години, истакна дека човечкиот капитал е тој кој континуирано ги движи напред.

- Кога зборувам за успехот на „Алкалоид”, морам да ги споменам генерациите пред нас, благодарение на чии несебични заложби, денес сме една од најмодерните фармацевтски индустрии во Југоисточна Европа со над 1600 вработени, 50.000 метри квадратни производни погони и пласмани во над 30 земји во светот. Нека илјадниците посветени вработени, кои се движечката сила на модерниот „Алкалоид“ ја продолжат успешната приказна во духот на нашето мото ‘Здравјето пред сé’. Би ви посакал уште многу заеднички јубилеи“, рече Мукаетов, заблагодарувајќи се на илјадниците гости кои дојдоа заедно да го прослават 80-тиот роденден на компанијата.

Богатата забавна програма вклучи настапи на балканските музички ѕвезди Петар Грашо и бендот Фрајле, како и музички перформанс на македонскиот пијанист во Њујорк, Дуке Бојаџиев.

Визуелната презентација на етапите од развојот на „Алкалоид“, покрај амбиентално навраќање на почетоците, на гостите им понуди и можност да го овековечат своето присуство, преку специјална фото-платформа која одблизу го доловуваше алкалоидовиот амбиент.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 451 пати.