Култура

Одбележување 90 години од смртта на Крсте Петков Мисирков

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје денеска ќе одбележи 90 години од смртта на лингвистот и политички деец Крсте Петков Мисирков (1874-1926).

среда, 21 септември 2016

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје денеска ќе одбележи 90 години од смртта на лингвистот и политички деец Крсте Петков Мисирков (1874-1926).

Чествувањето ќе биде во спомен-собата на Миладиновци во Библиотеката, каде што беседа за делото на Мисирков ќе одржи проф. Димитар Пандев.

- Крсте Петков Мисирков не е само кодификатор на современиот македонски литературен јазик и основоположник на современата научна историографија, туку и синоним за вековната континуирана ослободителна борба на македонскиот народ за културно-национална и државно-политичка афирмација, соопшти Библиотеката.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 403 пати.