Бизнис вести

Новото Волво С90 во Македонија

Најновиот седан на шведската компанија „Волво“, моделот С90, поставен на нова напредна модуларна производна платформа СПА и опремен со нови Драјв-Е четирицилиндерски Евро 6 агрегати кои моќта ја испорачуваат преку осумстепен автоматски менувач на сите четири тркала денеска беше промовиран во салонот на Ми-Да Моторс во Скопје. На маке

среда, 21 септември 2016

Најновиот седан на шведската компанија „Волво“, моделот С90, поставен на нова напредна модуларна производна платформа СПА и опремен со нови Драјв-Е четирицилиндерски Евро 6 агрегати кои моќта ја испорачуваат преку осумстепен автоматски менувач на сите четири тркала денеска беше промовиран во салонот на Ми-Да Моторс во Скопје.

На македонскиот пазар се достапни два бензински Т5 со 254 коњски сили и Т6 со 320 коњски сили и два дизел агрегати Д4 со 190 коњски сили и Д5 со 235 коњски сили.

Дизајнот на новата С90 го носи препознатливиот стилски изглед на Волво, како фаровите во форма на легендарниот „чекан на Тор“, новата предна решетка со Волво железниот симбол, како и изразената употреба на симболот Волво на задната страна.

Достапни се три нивоа на опременост, „Моментум“ и „Инскрипшн“ како комфор пакети и спортската „С-дизајн“ изведба.

Системот за безбедност на Волво во стандардна опрема доаѓа со „City Safety“ технологија што ги комбинира функционалноста на автоматските сопирачки и системот за избегнување судaр за да покрие широк спектар потенцијални сценарија за несреќи и помага патниците да се чувствуваат безбедно, систем за читање на сообраќајните знаци, функционалност за автоматско управување која помага возилото да остане на патот во случај возачот да изгуби контрола и го предупредува возачот со аудио звук и вибрации на управувачот, адаптивен „круз-контрол“, како и полу-автономно возење со „Pilot Assist“, кој функционира на јасно обележани патишта и до брзина од 130 километри на час.

Љубителите на возилата на шведската компанија денеска во Скопје имаат можност за шестчасовно дружење со Волво Балканскиот караван. Пред Скопје Сити Мол за пробно возење се достапни шест модели, меѓу кои и С90 со Д5 агрегат и Инскрипшн ниво на опрема, ХЦ90 со Т8 твин плаг-ин хибриден агрегат, спортската С60 Полстар, В60 и В40 Крос Кантри со Д3 погон и автоматски шестстепен менувач.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 467 пати.