Култура

„Вино Скоп 2016“ од 28 септември до 2 октомври

Десеттиот фестивал на виното „Вино Скоп“ ќе се одржи од 28 септември до 2 октомври на градскиот плоштад „Македонија“.

недела, 18 септември 2016

Десеттиот фестивал на виното „Вино Скоп“ ќе се одржи од 28 септември до 2 октомври на градскиот плоштад „Македонија“.

Во центарот на Скопје, посетителите пет дена ќе можат да дегустираат квалитетно македонско вино и да уживаат во настапите на македонските музичари Владо Јаневски, „Куку Леле“, Ристо Самарџиев, Јаков Дренковски, Миле Кузмановски, Ефто Пупиновски.

Фестивалот го организира „Темов“, а покровител е Град Скопје. Годинава ќе учествуваат над 20 винарии.

- Во текот на изминатите десет години фестивалот стана заштитен знак на есента во Скопје, како и привлечна туристичка атракција за голем број странски туристи кои секоја година ги има во поголем број, информира организаторот.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 368 пати.