Култура

Меѓународна детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“

Во близина на манастирот „Св. Пантелејмон“ денеска ќе започне десеттата Меѓународна детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“.

петок, 16 септември 2016

Во близина на манастирот „Св. Пантелејмон“ денеска ќе започне десеттата Меѓународна детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“.

На ликовната колонија, која е организирана од општина Карпош и Детскиот ликовен центар, се очекува присуство на ученици од збратимените општини, кои два дена ќе се дружат и ќе работат на уметнички дела.

Изработените дела, како што информираат од општина Карпош, во сабота ќе бидат презентирани на традиционалната изложба во рамките на ликовната колонија.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 425 пати.