Култура

Отворен ден во Францускиот институт во Скопје

Во Францускиот институт во Скопје, денес од 16 до 19 часот ќе се одржи Отворен ден. Посетителите ќе можат да се запознаат со професори по француски јазик, да го откријат туристичкиот потенцијал и регионите на Франција, да се информираат за најпродаваните француски автори, да дегустираат француски специјалитети...

четврток, 15 септември 2016

Во Францускиот институт во Скопје, денес од 16 до 19 часот ќе се одржи Отворен ден. Посетителите ќе можат да се запознаат со професори по француски јазик, да го откријат туристичкиот потенцијал и регионите на Франција, да се информираат за најпродаваните француски автори, да дегустираат француски специјалитети...

- Нашата програма „Културни патеки“, самата по себе би сакала да биде едно патување во светот на уметноста и идеите, рече Изабел Марки-Барбо, директор на Францускиот институт во Скопје на денешната средба со новинарите.
Таа нагласи дека со помош на нивните кампањи придонеле за зголемување на интересот кај Македонците во изучувањето на францускиот јазик.

Во рамки на Отворениот ден утре ќе има билингвални работилници, на англиски и француски јазик на повеќе теми.
Марки-Барбо информира дека почнале една програма преку која младите од Македонија имаат можност да одат на пракса во француски компании. Најави дека годинава се зголемува праксата и оти младите можат да заминат во Франција и во Белгија.

Во делот на културата, Марки-Барбо најави повеќе културни настани. Од 28 до 30 септември во Чифте амам ќе има Саем за мозаик, ќе биде отворена изложба на мозаици и работилница за современ мозаик, тркалезна маса за мозаик и креативни индустрии со музичарот Жером Клошар.

На 1 октомври, во рамки на манифестацијата „Белата ноќ“ во Скопје ќе гостува театарската група од областа на уличен театар, „Лики Дам“, кои заедно со МКЦ низ скопските улици ќе одржат една претстава.

Во октомври предвидено е гостување на француската поетеса и пијанистка Лор Комбо, настап на младата француска пејачка и композиторка Џејн.

До крајот на годината во Скопје предавање ќе одржи реномираниот француски лингвист Мишел Ариве, а во Битола универзитетскиот професор и историчар Бернар Лори за Првата светска војна.

Предвидени се кафе-дебати од областа на науката, саем за промоција на студии за туризам во Франција...

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 368 пати.