Култура

Инфоден за програмите за култура и образование на Европската унија

Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност утре организира Инфоден за програмите на Европската унија: „Креативна Европа“, „Европа за граѓаните“, „Хоризонт 2020“ и „Ерзамус +“.

понеделник, 12 септември 2016

Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност утре организира Инфоден за програмите на Европската унија: „Креативна Европа“, „Европа за граѓаните“, „Хоризонт 2020“ и „Ерзамус +“.

- Целта на настанот е да ги информира потенцијалните корисници за можностите кои ги нудат овие програми на Европската унија. Инфоденот е наменет за професионалците од културниот и креативниот сектор, приватните организации, образовните и научните установи, невладините организации, претставниците на општините, локалните институции од областа на културата и други потенцијални квалификувани корисници, информира Министерството за култура за инфоденот кој утре ќе се одржи во Центарот за конференции и студии при НУБ. „Св.Климент Охридски“.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 397 пати.