МАКЕДОНИЈА

Зголемен бројот на туристи

Во јули годинава во Македонија имало 129.656 туристи кои оствариле 526.693 ноќевања. Во однос на истиот месец лани бројот на туристи е зголемен за 8,3 отсто, а бројот на ноќевањата за 1,2 процента.

понеделник, 12 септември 2016

Во јули годинава во Македонија имало 129.656 туристи кои оствариле 526.693 ноќевања. Во однос на истиот месец лани бројот на туристи е зголемен за 8,3 отсто, а бројот на ноќевањата за 1,2 процента.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е зголемен за 5,9, а на странските туристи за 10,7 отсто. Домашните туристи оствариле за 0,4 отсто помалку ноќевања, додека бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 5,5 проценти.

Во првите седум месеци од годинава бројот на туристите е зголемен за 8,5 отсто во споредба со истиот период лани. Кај домашните туристи има зголемување за 8,6, а кај странските за 8,5 отсто.

Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 5,3 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 5,2 отсто, а кај странските за 5,4 отсто.

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 808 пати.