Култура

Премиерна изведба на претставата „Еврејски јазици“ по авторски текст и режија на Снежана Коневска-Руси

Во неделата на 4 септември во новиот објект на МНТ, се одржа премиерата од претставата „Еврејски јазици“ по текст на Снежана Коневска-Руси, која својата инспирација ја добила од една вистинска приказна на почетокот на втората светска војна за прогонот на евреите на европските простори.

вторник, 06 септември 2016

Во неделата на 4 септември во новиот објект на МНТ, се одржа премиерата од претставата „Еврејски јазици“ по текст на Снежана Коневска-Руси, која својата инспирација ја добила од една вистинска приказна на почетокот на втората светска војна за прогонот на евреите на европските простори. Одличната режија на Снежана Коневска-Руси овозможи публиката да ужива во гледлива претстава со елементи на мјузикл во која се раскажа историјата на евреите, од нивните пра почетоци, нивните селидби,обичаите и спецификите што ги носат како народ кој е издржлив, секогаш гладен за знаење, и со голема почит кон својата традиција. Дури и најсуровиот прогон што го имале пред и во време на втората светска војна, не го уништила овој народ а една од главните пораки на претставата се однесува токму и на почитувањето на другите народи, нивните култури и традиции, преку почитувањето и на нивниот мајчин јазик. Оттаму и старата поговорка која потекнува токму од еврејската заедница : „Колку јазици знаеш, за толку луѓе вредиш“.
 

Содржината е прочитана 479 пати.