Бизнис вести

„Орифлеим Македонија“ го прослави 20 годишниот јубилеј од своето работење

Свечениот настан кој се одржа во прекрасниот амбиент на хотелот „Мериот“ во Скопје, по повод 20 годишното успешно работење на шведската компанија „Орифлеим“ во Македонија, значеше уште една потврда на пораката што ја испраќа овој бренд – „Ние веруваме во соништата... ние веруваме во убавината... ние веруваме во вас“.

понеделник, 05 септември 2016

Свечениот настан кој се одржа во прекрасниот амбиент на хотелот „Мериот“ во Скопје, по повод 20 годишното успешно работење на шведската компанија „Орифлеим“ во Македонија, значеше уште една потврда на пораката што ја испраќа овој бренд – „Ние веруваме во соништата... ние веруваме во убавината... ние веруваме во вас“. Во присуство на 200 гости меѓу кои и голем број регионални, интернационални соработници, им беа доделени награди на најзаслужните менаџери во осмислениот ланец на директна продажба, а главните претставници од менаџерскиот тим ги споделија своите импресии од досегашното работење и плановите за во иднина. Следната година „Орифлеим“ ќе одбележи 50 години од своето постоење и присуство во повеќе од 60 земји ширум светот со својот голем асортиман на козметички производи со препознатлив квалитет. Свечената вечера беше надополнета со ретроспектива низ годините во видео форма, а забавиот дел од вечерта го разубави гостувањето на Владо Јаневски. Со ова „Орифлеим“ докажа уште еднаш дека е посветена на своите потрошувачи, што е зацртано и во водечките цели и мотивации на брендот со порака „Вашите соништа – наша инспирација“.

 

 

Содржината е прочитана 567 пати.