Култура

Отворена изложба „Полската школа на плакат“

Во Уметничката галерија во Куманово, вечерва е отворена изложбата „Полската Школа на плакат“ подржана од Полската Амбасада во Скопје како дел од соработката со Музјеот на град Скопје преку проектот МузеумЛинк 2016.

петок, 02 септември 2016

Во Уметничката галерија во Куманово, вечерва е отворена изложбата „Полската Школа на плакат“ подржана од Полската Амбасада во Скопје како дел од соработката со Музјеот на град Скопје преку проектот МузеумЛинк 2016.
Љубителите на уметноста имаа можност да разгледаат плакати на врвните претставници на полската школа за плакат како Леница, Мајевски, Млодожењец, Старовјејски.

Изложбата ја отвори амбасадорот на Полска во Македонија, Јацек Мултановски кој рече дека плактот како уметничко дело има долга традиција во Полска.

На изложбата презентирани се плакати на творците на полскиот плакат, но и на преставниците на помладата генерација. Презентирана е уметност по втората светска војна и креативноста на полското општество по втората светска војна, за време на движењето Солидарност и за време на плурализмот.

- Оваа изложба е по иницијатива на колешката од Скопје, Јасминка Намичева која преку проектот МузеумЛинк со кој се предвидува изложбите од музеите од внатрешноста да отвараат изложби од меѓународен карактер како што е оваа вечерва, изјави директорката на НУ Музеј Куманово Анита Цветановска.

Изложбата ќе биде отворена наредните две недели.

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 340 пати.