Бизнис вести

Трипуновски: Да не се намалуваат неделните цени на земјоделските производи

Да се почитуваат законските одредби и да не се намалуваат неделните цени, порача вчера директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски по средбата со земјоделците во струмичкиот регион.

четврток, 01 септември 2016

Да се почитуваат законските одредби и да не се намалуваат неделните цени, порача вчера директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски по средбата со земјоделците во струмичкиот регион.

Како што соопшти Инспекторатот, инспекторите кои се постајно на терен, констатирале неправилности од страна на откупувачите. Казнети се три правни лица со глоба од 6.000 до осум илјади евра.

Контролите ќе продолжат и во следниот период.

- Државниот инспекторат за земјоделство интензивно работи на терен, особено во делот на откупот на производите. Паралелно со инспекциските надзори се разговара со земјоделците и со откупувачите да се овозможи целиот процес да се одвива без проблеми, истакна Трипуновски.

Според него, како резултат на квалитетното производство, пласманот на домашните земјоделски производи на странските пазари бележи зголемување од 16 отсто за периодот јануари-август 2016 во споредба со истиот период лани.

На состанокот се дискутираше за текот на откупот на градинарските производи, како и за почитувањето на неделните откупни цени.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 403 пати.