Култура

Фондацијата „Македоника“ и УНЕСКО ги наградија првите четири млади писатели

Збирките раскази „Продавачот на ветер и магла и други приказни“ од Стефан Марковски и „Се смееме низ разговорите на ѕвездите“ од Маја Мојсова, како и романите „Љубов на прв поглед“ од Александра Ѓеорѓиева и „Писмата во библиотеката“ од Јована Матевска се првите четири наградени литературни дела во рамките на проектот „Воведување на младите талентирани автори во дигиталната издавачка индустрија“.

среда, 31 август 2016

Проектот го спроведува фондација „Македоника“ во соработка и со финансиска поддршка на „Меѓународниот фонд за промоција на културата“ на УНЕСКО.

Како што соопшти „Македоника“, при изборот комисијата се раководела од уметничкиот израз и литературната зрелост на авторите, согласно нивната возраст. Во следните девет месеци комисијата ќе избере и ќе награди уште 36 дела од млади автори од Република Македонија, чие доставување и аплицирање е во тек.

Објавените дела се достапни за читање на повеќе од 40.000 редовни корисници на бесплатната дигиталната библиотека на Фондација Македоника, додека во рамките на форумот на дигиталната библиотека читателите имаат можност да ги коментираат и оценуваат своите фаворити, избирајќи го најдоброто дело што ќе ја добие првата награда на УНЕСКО по завршувањето на проектот.

(Преземено од МИА)

Содржината е прочитана 346 пати.