Култура

„Имагинативни деконструкции“ изложба на Дороти Пачкова

Во Кинотека на Македонија вечер ќе биде отворена изложбата „Имагинативни деконструкции“ од уметницата Дороти Пачкова.

вторник, 30 август 2016

Во Кинотека на Македонија вечер ќе биде отворена изложбата „Имагинативни деконструкции“ од уметницата Дороти Пачкова.

- Отварајќи ги делата, ги разгледуваме условите на нивното создавање, вклучувајќи ги не само културолошкиот дискурс, но и конвенциите и нијансите на манирот во кој се творени и посебностите од севкупниот живот на нивниот автор.Оттаму произлегува ефикасно, бесконечната комплексност на сликите, што ги прави сите деконструктивистички читања парцијални и прелиминарни. Некои форми на уметничките дела се чини дека се посветени на личниот прогрес на авторот, но и на уживањето при нивното восприемање од гледачот, наведува во поканата за изложбата Пачкова.

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 336 пати.